Интер со понуда за Видал, дали ќе ја прифати Барса!?

фото: твитер

Интер ја подготви првата понуда за играчот од средниот ред, Артуро Видал кој би бил новото јануарско засилување на „Џузепе Меаца“.

Тренерот на миланскиот клуб, Антонио Конте има неколку новогодишни желби, а според италијанските медиуми една од нив е Видал.

За неговите услуги Интер е подготвен да плати 12 милиони евра, иако од „Камп Ноу“ инсистираат нивниот играч да си замине за 25 милиони евра.

Досега оваа сезона чилеанскиот интернационалец одигра 19 натпревари за Барселона и постигна пет голови.

Но, во поголемиот дел од мечевите влегуваше од клупата и не е среќен поради својата минутажа и статус кој го има во екипата.

Тоа се потврди и минатата седмица кога во пресрет на „Ел Класико“ и дербито со Реал Мадрид, шпанските медиуми пишуваа дека фудбалерот го напуштил тренингот на Барса кога дозна дека нема да биде стартер на дуелот против „кралевите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот