Интер со Алексис Санчез во Лига Европа

фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

„Неро-аѕурите“ го објави списокот за новите натпревари во Лига Европа оваа сезона, а во истиот се наоѓа и Алексис Санчез.

Чилеанскиот интернационалец според италијанските медиуми се договори со Манчестер јунајтед ова лето да биде полноправен член на клубот од „Џузепе Меаца“ за 13.5 милиони фунти, со неделна заработка до 350.000 фунти.

Поради ситуацијата со Ковид-19 ќе се игра само еден натпревар, УЕФА одлучи в среда (5 август) Интер на стадионот во Гелзенкирхен да игра против Хетафе (21.00 часот) за пласман на „Фајнал-Ејт“ во Германија овој месец.

Составот на Интер за август 2020: Хандановиќ, Падели, Годин, Де Врај, Ранокиа, Јанг, Д`Амброзио, Бираги, Шкриниар, Бастони, Мозес, Агуме, Гаљардини, Сенси, Борја Валеро, Барела, Ериксен, Брозовиќ, Кандрева, Санчез, Лукако, Мартинез.

Во истиот термин од 21.00 часот Манчестер јунајтед брани 5:0 на „Олд Трафорд“ против ЛАСК, претходно од 18.55 часот ФК Копенхаген има негатива (0:1) на дуелот со Башакшехир, а Шахтјор Доњецк на домашен терен ќе стартува со позитива од 2:1 во пресметката со Волфсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот