Интер се спаси од пораз, Елмас доби само две минути од Гатузо (ВИДЕО)

twitter/Inter

Лидерот на табелата, Интер ремизираше пред своите гледачи играјќи само 1:1 против Аталанта во рамките на 19. коло од Серија А.

Домашниот тим поведе со голот на Лаутаро Мартинез уште во четвртата минута, додека гостите од Бергамо израмнија во 75. минута преку Госенс. На крајот Аталанта можеше да слави, но во 88. минута  Самир Хандановиќ му го одбрани ударот од пенал на Муриел и не дозволи пораз на Интер.


Во второто дерби во 19. коло, Лацио со 1:0 го совлада Наполи, а македонскиот репрезентативец Елиф Еламс уште еднаш не доби вистинска шанса од новиот тренер Џенаро Гатузо. Македонскиот бисер влезе во игра во 88. минута но не можеше да направи ништо за да го спречи поразот на својот тим. Лацио победи благодарение на голот на Имобиле во 82. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот