Интер, Рома и Фиорентина за италијанска трагедија во Европа

Сезоната 2022/2023 нема да остане во добро сеќавање за италијанскиот фудбал кој имаше три претставници во финалните натпревари оваа сезона во сите европски клупски натпреварувања.
Ниту еден евро-трофеј не заврши Апенините, иако беше блиску до тоа, многу блиску во сите финалиња на кои играа клубовите од Серија А.
Најпрвин во финалето на Конференциската лига екипата на Фиорентина загуби со резултат 2:1 од англискиот Вест хем.
Потоа, Рома предводена од тренерот Жозе Мурињо во финалето на Лига Европа загуби на пенали од Севиља со 4:1, по регуларните 90 минути и продолженијата беше 1:1.
И во Лигата на шампионите Интер не успеа да се закити со четвртата титула откако во Истанбул со 1:0 беше совладан од Манчестер сити.
Fiorentina ❌#Inter ❌
Roma ❌Italia, dal sogno all'incubo.#UCLfinal pic.twitter.com/qDyHCLPsZa
— GOAL Italia (@GoalItalia) June 10, 2023