Интер предаде меч во јуниорската ЛШ, се повлекува и првиот тим од Лига Европа!?

фото: твитер

„Неро-аѕурите“ во своето соопштение велат дека здравјето на своите играчи и вработените во клубот е секогаш на прво место.

Интер се одлучи за радикален потег, го предаде мечот во јуниорската Лига на шампионите, а се шпекулира дека можно е истото да го направи и првиот тим во рамките од Лига Европа.

Младите фудбалери на Интер требаше в среда во Фиренца да го играат натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите за јуниори против францускиот клуб на Рен, но од миланската екипа одлучија да го предадат тој меч поради коронавирусот.

– Нашиот млад тим нема да игра против Рен. Здравјето на играчите секогаш е на прво место, па донесовме одлука со цел да ги заштитиме своите фудбалери и сите вработени. Свесни сме за важноста на натпреварот, како и фактот дека ќе загубиме со службен резултат, но наведените причини не можат да се занемарат – стои во соопштението на Интер.

Италијанските медиуми очекуваат дека можно е истиот потег да го направи и првиот тим на Интер предводен од тренерот Антонио Конте пред првиот дуел од осминафиналето во Лига Европа во Милано против Хетафе.

Како што е веќе познато, со одлука на Италијанскиот олимписки комитет во својата држава поради епидемијата на коронавирусот ги прекинува сите спортски настани до 3. април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот