Интер повторно ќе купува од Манчестер јунајтед?

twitter/TNC Football

Според „Сан“, миланскиот клуб испрати „скаути“ да ја следат ситуацијата со фудбалерите од средниот ред, Веленс (17 години) и Гарнер (18).

„Неро-аѕурите“ како што пренесуваат италијанските и британските медиуми покажуваат интерес за двајца млади играчи од Манчестер јунајтед.

Интер верува дека е блиску до потписите на дуото на „црвените ѓаволи“, Чарли Веленс и Џејмс Гарнер.

Според „Сан“, миланскиот клуб испрати „скаути“ да ја следат ситуацијата со фудбалерите од средниот ред, Веленс (17 години) и Гарнер (18).

Иако премиерлигашкиот гигант нема намера така лесно да се ослободи од своите надежи, кај Веленс постои желба да направи трансфер во Италија.

Претходно Интер успеа да ги ангажира Ромелу Лукаку и Ешли Јанг во текот на минатата година, а воедно го ангажираше Алексис Санчез на едногодишна позајмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот