Интер не ги заборава славните моменти со „Гранде Пандев“! (ВИДЕО)

twitter/SempreInter.com

Кратко и јасно, македонскиот репрезентативец остави длабока трага во дресот на миланскиот клуб со кој успеа да освои титула во ЛШ, а подоцна се искачи и на светскиот фудбалски врв.

„Неро-аѕурите“ уште еднаш ги потсетија своите фанови на една од клупските легенди, Горан Пандев.

Интер не ги заборава моментите со македонскиот репрезентативец и објавено е едно видео од неговите најдобри и клучни моменти.

Во овој период спортот, фудбалот е во прекин поради пандемијата на коронавирусот, а калчолигашот од Милано до можното продолжување на сезоната, ги занимава своите фанови со интересни видео записи од поблиското и подалечното минато, со различни предизвици, квизови…

Во овој случај кратко и јасно, „Гранде Пандев“ остави длабока трага во дресот на Интер со кој успеа да освои титула во Лигата на шампионите, а подоцна се искачи и на светскиот врв.

Нашиот напаѓач кој моментно ги брани боите на Џенова, имаше учинок од осум голови и 15 асистенции и беше клучен во тројната круна во сезоната 2009/2010.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот