Интер најголем фаворит за потписот на Мертенс!?

twitter.com/sscnapoli

Во јуни годинава напаѓачот ќе биде слободен агент, не беше подготвен да си замине од „Сан Паоло“ во текот на зимскиот преоден рок 2020.

Како што информираат италијанските медиуми, Дрис Мертенс нема да го продолжи договорот со Наполи. Интерес за неговите услуги има од Интер, Манчестер јунајтед, Арсенал и Челзи.

Во јуни годинава напаѓачот ќе биде слободен агент, не беше подготвен да си замине од „Сан Паоло“ во текот на зимскиот преоден рок 2020.

Има и добра причина зошто Белгиецот остана во клубот, односно го делат само три голови да биде најдобар стрелец во историјата на Наполи.

Моментно на вечната листа се наоѓа на второто место со 119 голови, само два помалку од Словакот Марек Хамшик.

Разговорите за продолжување на соработката со Наполи не одат во посакуваниот правец, според „Газета дело Спорт“ Мертенс посакува 7.5 милиони евра годишно за две сезони. Моментно понудата на клубот е четири милиони плус еден како бонуси во зависност од перформансите.

Според „Дејли Експрес“, освен Интер кој се одвојува како главен фаворит за потписот на белгискиот интернационалец, во трка се наоѓаат уште Рома, Челзи, Манчестер јунајтед и Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот