Интер на врвот, римска лекција за Несторовски и Удинезе! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер го совладаа на свој терен СПАЛ со 2:1, во 14. коло од Серија А. Тие со овој триумф го престигнаа Јувентус и така избија на чело на италијанското првенство.

Интер во текот на целиот дуел имаше се во своите раце, а двоен стрелец беше Лаутаро Мартинез, кој првиот погодок го постигна во 16., а во 41. минута, ја зголеми предноста на својата екипа.

СПАЛ со голот на Валоти во 50. минута најави враќање во мечот, но не можеа повеќе од тоа.

Лацио на својот „Олимпико“ во Рим со 3:0 го совлада Удинезе на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој беше стартер за гостите, односно го одигра целиот натпревар.

Прочитајте и...  Фудбалскиот клуб Барселона донира 30.000 заштитни маски

„Небесно-сините“ триумфираа благодарение на двата голови на Имобиле и еден на Алберто, сите реализирани во првото полувреме.

Милан во 88. минута дојде до трите бода со погодокот на Хернандез на гостувањето кај Парма.

На табелата води Интер со 37 бодови, пред Јувентус кој само ремизираше со Сасуоло и има 36, а третопласиран е Лацио со 30.

Прочитај повеќе

Наместо во карантин, Систо возеше 27 часа до Копенхаген

Слободен печат

Фудбалскиот клуб Барселона донира 30.000 заштитни маски

Слободен печат

Хрватски ватерполист ја насмеа и одушеви јавноста од изолација! (ВИДЕО)

Слободен печат

Најстариот селектор и уште 400 вработени добија откази поради пандемијата

Слободен печат

Победија на сите 27 натпревари, но залудно! (ФОТО)

Слободен печат

Почина голема фудбалска надеж на Атлетико Мадрид

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Осум играчи на Вест Хем имаат симптоми на коронавирус

Слободен печат

Чеферин: Ќе ја загубиме сезоната доколку нема фудбал до крајот на јуни!

Слободен печат

Џеко ќе добие сериозна конкуренција во нападот на Рома?

Слободен печат

Кристијано Роналдо се откажува од 3,8 милиони евра!

Слободен печат

Денот кога Македонија славеше над Белорусија со мајсториите на Пандев и Спировски! (ВИДЕО)

Слободен печат

Македа: Сега не е приоритет двомечот против Вардар! (ВИДЕО)

Слободен печат