Интер ќе го откупи договорот на Алексис Санчез!?

twitter.com/zayediqbal0

Алексис Санчез, после „пеколот“ во Манчестер јунајтед, летово стигна на позајмица во Интер.

Веќе во првите настапи за „неро-аѕурите“ почна да го убедува тренерот Антонио Конте дека би требало да го откупат договорот после истекот на позајмицата.

Сепак, за цената на Санчез треба официјално да се договорат наредниот период, но сега од Италија доаѓаат вести со цел Манчестер јунајтед да ја постави вистинската сума.

И покрај лошиот старт на сезоната и недостатокот на опции во нападот, Јунајтед нема намера да го враќа Санчез во своите редови следното лето, но за неговиот потпис според првичните информации ќе бара 25 милиони евра.

Тоа е бројката која мора да ја исплати Интер доколку сака да го откупи договорот на Санчез или било кој друг што сака да го купи Чилеанецот наредната година. Да потсетиме, договорот на Санчез со Манчестер јунајтед трае до лето 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот