Интер и Икарди никако да најдат заеднички јазик

Вчерашниот состанок помеѓу претседателот Жанг и спортскиот директор Бепе Марота од едната страна и Мауро Икарди и неговата сопруга и менаџер, Ванда Нара, не вродија со плод со што се стави и крај на преговорите.

Поранешниот капитен на Интер останува на својот став, не сака да оди во Наполи и доколку заминува од тимот, тогаш тоа ќе биде само во Јувентус, инаку ќе остане во Милано.

Жанг и Марота му соопштија дека тој нема да биде во комбинација за настап во второто коло од Серија А во кое Интер му гостува на Калјари иако е пријавен во тимот за настап во домашниот шампионат.

Икарди воопшто не се растревожи што беше на трибините против Лече и нема да игра ниту со Калјари, тој ќе продолжи да тренира со првиот тим и ќе добива 4.5 милиони евра иако нема да настапува на официјални натпревари.

Токму твдоглавоста на Аргентинецот ги разлути челниците на Интер кои немаа намера да го продаваат на големиот конкурент, но по последниот неуспешен состанок, можеби ќе ја променат одлуката иако нема да го добијат тоа што го бараат.

Марота за да го пушти Икарди во Јувентус го бара Пауло Дибала, но тоа нема ниту на сон да го добие од „старата дама“. Последната понуда на Јувентус е 35 милиони евра и Марио Манџукиќ, а притоа му дадоа рок на Интер да одговори до петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот