Интер и Барса се договорија, Видал си оди за пола милион евра!

фото: твитер

Искусниот чилеански фудбалер Артуро Видал го напушти каталонскиот клуб чиј дрес го носеше од 2018 година. Негов нареден предизвик според најавите ќе биде миланскиот состав на Интер.

Според шпанската „Марка“, екс членот на Јувентус и Баерн денеска се поздрави со своите досегашни тимски колеги во Барселона.

Уште од претходно е познато дека Чилеанецот ги договори личните услови со Интер, останува уште само двата клуба да постигнат согласност за трансфер.

Видал дури осумпати по ред освојуваше првенства со три различни екипи, а летово со Барса помина неславно после дебаклот во ЛШ и неосвојувањето на „Ла Лига“, а потоа играчот јавно го критикуваше начинот на работа на „Камп Ноу“.

Претходно клубот го напушти Иван Ракитиќ, а истото најверојатно ќе го направи и Луис Суарез кој би требало да се пресели во редовите на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот