Интер го покори Бергамо за второ место во Серија А, Јувентус се избламира (ВИДЕО)

epa08579587 Inter's Danilo D'Ambrosio(R) scores the 0-1 goal during the Italian Serie A soccer match Atalanta BC vs FC Inter at the Gewiss Stadium in Bergamo, Italy, 01 August 2020. EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Во дербито на последното коло, Интер во директен дуел за второто место ја совлада Аталанта со 0:2.

Фудбалерите на Антонио Конте работата ја завршија уште во првото полувреме, Дамброзио постигна гол во првата минута од натпреварот и тоа на асистенција на Ешли Јанг. Токму Англичанецот во 20. миниута го постави конечниот резултат. Во второто полувреме Алексис Санчез даде гол но судијата го поништи поради офсајд.


Шампионот Јувентус ја заврши сезоната така како што ја одигра, со променливи игри, посебно откако ја обезбеди деветтата титула по ред.

Тренеротна „Старата дама“, Маурицио Сари одлучи да одмори добар дел од клучните играчи за да ги сочува од повреди пред натпреварот со Олимпик Лион во реваншот од осминафиналето од ЛШ и тоа му се врати со убедлив пораз во последното коло.


Рома со 1:3 славеше среде Торино иако Јувентус преку Игуаин во петтата поведе со 1:0. Одговорот на Рома дојде експресно во првото полувреме, прво Калиниќ во 23. минута израмни, а со самиот финиш од првиот дел Пероти го реализира пеналот. „Римската волчица“ победата ја завери преку Пероти во 52. минута.

Во второто дерби, Наполи со 3:1 го совлада Лацио, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во самиот финиш на натпреварот.


Резултати:
Бреша – Сампдорија 1:1
Милан – Калјари 3:0
Аталанта – Интер 0:2
Јувентус – Рома 1:3
Наполи Лацио 3:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот