Интер го има трансферот на летото, донесе „кралско“ засилување

Ашраф Хакими/EPA-EFE/LARS BARON

Дефанзивецот на Реал Мадрид кој сезонава ја игра на позајмица во Борусија Дортмунд, Ашраф Хакими, се сели во Италија.

Екипата на Интер започна да го засилува тимот за наредната сезона и на тренерот Антонио Конте му се исполни најголемата желба, ангажиран е квалитетен десен бек.

Спортскиот директор Бепе Марота се договори со челниците на Реал Мадрид и одличниот дефанзивец Ашраф Хакими кој во последниве две сезони игра за Борусија Дортмунд како позајмен играл, од наредната сезона ќе биде дел од „нероаѕурите“.

Хакими ова лето требаше да се врати во Реал Мадрид но тој не сака да биде резерва додека од друга страна тренерот Зинедин Зидан не може да му гарантира првотимски статус и поради тоа е одлучено тој да биде продаден.

Иако имаше понуди од Премиер лигата, Интер беше најконкретен и најбрз, а официјализирањето на трансферот се очекува да биде во наредните денови.
Реал Мадрид ќе добие 45 милиони евра обесштетување, додека Хакими го очекува годишна плата од пет милиони евра плус бонуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот