Интер го губи здивот, Верона во финишот му ја одзеде победата (ВИДЕО)

EPA-EFE/EMANUELE PENNACCHIO

Екипата на Интер полека го губи здивот во финишот од сезоната во Серија А и на втор натпревар по ред не успева да триумфира по што падна на четвртото место на табелата. Овој пат Верона успеа да остане непоразена во дуелот со „нероаѕурите“ играјќи 2:2.

Верона поведе во втората минута со погодокот на Дарко Лазовиќ. Но, на почетокот на второто полувреме Интер дојде до пресврт, прво Антонио Кандрева во 49.минута израмни на 1:1, а потоа и беше дел од акцијата во која Федерико Димарко си постигна автогол. Но, во 88. минута Мигел Велосо ги шокира „нероаѕурите“ и Верона ја остави непоразена.


Интер на седум кола до крајот на сезоната има 65 бода, еден помалку од третопласираната Аталанта и три од Лацио кој е втор на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот