Интер го договори првото засилување за следната сезона

Фото: inter.it

Работата е завршена со францускиот репрезентативец кој од Англија се сели во Италија.

Интер веќе го договори првото засилување за наредната година и тоа по заслуга на директорот Бепе Марота, пишува „Газета дело Спорт“.

„Нероаѕурите“ успеаја да го ангажираат Оливие Жиру од Челси кој иако имаше понуда да остане во англискиот тим, Французинот одлучи кариерата да ја продолжи во Италија.

Жиру ќе добие двегодишен договор, а доколку одигра одреден број на натпревари и постигне одреден број на голови, тогаш ќе се активира клаузулата и за третата година. Годишната плата на Жиру ќе изнесува пет милиони евра.

Интересно е што со доаѓањето на Бепе Марота за директор, Жиру е четвртото засилување на Интер кое доаѓа бесплатно, пред него поранешниот директор на Јувентус ги ангажира и Стефан де Фрај, Квадво Асамоа и Диего Годин.

Според „Газета дело Спорт“ ова е само почеток на летните активности на Марота и тренерот Конте кои со ангажирањето на Жиру обезбедија достојна замена за Ромелу Лукаку.

Следна цел е голгетерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг кој треба да дојде како замена за Лаутаро Мартинез кој најверојатно ќе замине во Барселона, а на радарот на Конте и Марота се наоѓа и фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс кој на лето ќе биде слободен играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот