Интер е решен да ја прекине доминацијата на Јувентус, Конте на лето добива пет засилувања за напад на титулата

twitter.com/inter

„Нероаѕурите“ признаваат дека Јувентус оваа сезона е далеку пред нив кога ќе продолжи сезоната, но веќе се прават планови за наредната во која кинеските сопственици на клубот нема да жалат средства.

Иако пандемијата на коронавирусот ги стави најголемите фудбалски екипи во „црвено“, се чини дека за Интер нема да има никакви проблеми бидејќи сопствениците „Сунинг компанија“ според информациите од Кина, од пандемијата излегла уште побогата.

Тие продолжуваат со своите планови, Интер да го симне Јувентус од тронот на италијанскиот фудбал иако не успеаја во оваа сезона. „Нероаѕурите“ признаваат дека тимот од Торино е далеку пред нив сезонава, и затоа имаат големи планови за летниот преоден рок.

Тренерот Антонио Конте бараше и ветено му е дека ќе добие пет засилувања со кои планираат да ја прекинат доминацијата на Јувентус.

Првото име кое треба да пристигне на „Џузепе Меаца“ е Жоан Кансело кој веќе има настапувано за Интер. Барселона се договори со Интер, прво Нелсон Семедо да го испрати во Манчестер сити во замена за Кансело кој потоа со одредена сума на пари би бил испратен во Интер во замена за Лаутаро Мартинез.

twitter/Man City Xtra

Празнината во нападот која ќе остане по заминувањето на Лаутаро треба да ја надополни Единсон Кавани на кого ова лето му истекува договорот со ПСЖ. Интер веќе му понуди тригодишен договор на Кавани кој се очекува да ја прифати понудата.

Директорот Бепе Марота уште сега започна да работи на трансферот на Киеза од Фиорентина која не попушта и бара 60 милиони евра. На крајот Интер ќе мора да ја плати бараната сума.

twitter/Inter Milan Insider

Конте во средниот ред за новата сезона сака да го има Артуро Видал, но Чилеанецот не е приоритет. Доколку не се договори со Барселона, Конте е подготвен да му даде уште една шанса на Раџа Наинголан кој оваа сезона настапува за Калјари како позајмен фудбалер.

Тренерот Конте бара од Марота и освежување на одбраната, тој сака еден од своите поранешни играчи, Маркос Алонсо или Емерсон Палмиери кои настапуваат за Челси.

twitter/Chelsea FC

Интер со Емерсон, Кансело, Видал или Наинголан, Кавани и Киеза, според замислите на Конте е доволно квалитетен да го предизвика Јувентус за титулата во наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот