Интер е незадоволен, Алексис Санчез се враќа во Јунајтед!?

фото: твитер

„Трансфермаркт“ го проценува чилеанскиот интернационалец на 25 милиони евра. Неговиот договор со Манчестер Јунајтед треба да истекува во јуни 2022 година.

Раководството на „нероазурите” е незадоволно од претставувањето на Чилеанецот, кој беше ангажиран од клубот од Милано до крајот на сезоната 2019/20 и нема намера да потпише постојан договор со играчот. Така, Санчез ќе се врати во Манчестер Јунајтед летото 2020 година.

Интер нема да се обиде да ги откупи правата на напаѓачот Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед, според италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Досега 31-годишниот играч има одиграно 13 мечеви во сите натпреварувањата за Интер оваа сезона, со еден гол и три асистенции.

„Трансфермаркт“ го проценува на 25 милиони евра. Неговиот договор со Манчестер Јунајтед треба да истекува во јуни 2022 година.

Воедно Андреас Переира и Џеси Лингард веројатно се очекува да го напуштат Манчестер Јунајтед во текот на летото, пренесуваат британските медиуми. Лингард и Переира имаат договори со клубот од „Олд Трафорд“ до летото 2021 година.

Двајцата играчи од средниот ред не можат да најдат место во стартниот состав на „црвените ѓаволи” под водство на Оле Гунар Солскјер.

Разделбата со 24-годишната Переира и 27-годишниот Лингард може да помогне во ангажманот на Џек Грилиш од Астон Вила на „Олд Трафорд”. Играчот од средниот ред е вреден околу 60 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот