Интер е „газда“ во Милано, Буфон се израмни со Малдини! (ФОТО+ВИДЕО)

twitter.com/Inter_en

Во дербито од четвртото коло во италијанската фудбалска Серија А вечерва на „Сан Сиро“, во градската пресметка Милан загуби од Интер со 0:2.

Головите за „неро-аѕурите“ ги постигнаа Брозовиќ во 49 и Лукаку во 78 минута од средбата за вкупно четврта по победа по ред за фудбалерите на Антонио Конте од почетокот на сезоната во најсилното италијанско првенство.

Претходно Јувентус на домашен терен славеше против Верона (2:1), во првото полувреме пенал за гостите не реализираше Ди Карминес, но само 60 секунди подоцна една „бомба“ испрати Велосо во мрежата на немоќниот голман Буфон.

Кога сме веќе кај Џанлуиџи Буфон, голманот на италијанскиот шампион денеска со својот настап се израмни со легендарниот Паоло Малдини (902) по бројот на натпревари за еден клуб.

Кристијано Роналдо во 31 минута успеа да го израмни резултатот, а истиот играч беше најзаслужен за новите три бода сезонава кои ги обезбеди на стартот од вториот дел. Да додадеме уште дека на стартот од саботната програма Удинезе на нашиот Илија Несторовски загуби неочекувано од Бреша (0:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот