Интензивна агенда: Премиерот Ковачевски на средби со Петков, Радев и Минчев

Фото: Димитар Ковачевски/Фејсбук

На вториот ден од официјалната посета на македонската владина делегација на Софија предвидена е пленарната меѓувладина седница со која ќе копретседаваат претседателите на владите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Премиерите Ковачевски и Петков на тет а тет средба ќе разговараат за отворените прашања, а одделен состанок ќе  има и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи со својата колешка,  министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска.

Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби е предвидено да продолжат со пленарната седница на којашто ќе бидат презентирани резултатите од работните групи, после што ќе следува потпишување меморандуми и договори за соработка.

Работниот дел на заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија завршува со прес-конференција на премиерите Ковачевски и Петков на која пред новинарите и јавноста ќе ги презентираат резултатите од меѓувладината сесија.

Во попладневните часови, според агендата претседателот на Владата на Република Северна Македонија, придружуван од членови на Владата, ќе има одделни средби со претседателот на Република Бугарија Румен Радев и со претседателот на бугарското Собрание Никола Минчев.

 

ВИДЕО: Студено попладне во Софија, топол и срдечен пречек на премиерот Ковачевски и министрите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот