Интегра во Куманово: Кокино ќе биде туристичка атракција, ќе се развива бањскиот, здравствениот туризам, брзи возови, преку транспортна стратегија

Македонската конзервативна партија Интегра денеска на градскиот плоштад во Куманово оствари средби со граѓаните на кои партискиот лидер Љупчо Ристовски и носителот на листата во ИЕ2, Александар Главинов ја презентираа програмата „Нова македонска ренесанса како визија за подобар живот во Македонија”.

Проекти од речиси сите области кои ќе им овозможат подобар живот на граѓаните, туризам, инвестиции, иновации, понудија на денешниот митинг претставниците на Интегра.

Двете партии, рече во говорот Ристовски, ја опустошија Македонија последниве 30 години, затоа е редно да се одберат луѓе кои на граѓаните ќе им овозможат благосостојба.

– Економија, образование, здравство, немате богата и просперитетна држава ако нацијата ви е болна и ако не ви е силно образована. Овие таргети ќе поткренат пет клучни стратегиски точки, почвата, водата, воздухот и човечкиот капитал стануваат национални стратегиски ресурси-рече, во говорот Ристовски.

Прочитајте и...  Крајна дестинација на запленетата марихуана била Македонија

Кокино ќе биде туристичка атракција, ќе се развива бањскиот, здравствениот туризам, брзи возови, преку транспортна стратегија. Граѓаните ќе можат личниот потенцијал да ги изнесат на површина и Македонецот да биде горд и достоинствен, додава Ристовски,

Носителот на листата Главинов порачувајќи им на кумановци дека се борбени, посочи дека пратеничкиот мандат ќе го доживее како должност да даде максимум за потребите на граѓаните, за поубав, достоинствен, безгрижен, за материјално стабилен живот.

– Затоа е многу важно сите заедно, сплотено и масовно да излеземе и да го дадеме својот глас за Интегра, македонска конзервативна партија и да ставиме крај на досегашната црно-бела политичка слика-повика Главинов

Пред присутните беа презентирани и дел од кандидатите за пратеници од ИЕ 2, меѓу нив и кандидатката од Куманово, Виолета Арсовска.

Прочитајте и...  Мета: Време е албанските граѓани да станат господари на својата земја

Прочитај повеќе

Во Херцег Нови дури 92 проценти помалку туристи од минатата година

Слободен печат

Мета: Време е албанските граѓани да станат господари на својата земја

Слободен печат

Граничната полиција на БиХ спречи 183 мигранти да ја преминат границата

Слободен печат

Во Албанија и денеска високи бројки на новозаразени со Ковид-19

Слободен печат

Повеќе од 30 мигранти спасени во каналот Ла Манш

Слободен печат

Традицијата во чест на „Св. Пантелејмон” и годинава продолжува на Голак

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ПОЖАР ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ЧЕШКА: Најмалку 10 мртви (ВИДЕО)

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот, досега починале 726.415 лица

Слободен печат

Либанскиот премиер повика на предвремени избори

Слободен печат

Српската дијаспора на протести ширум светот (ВИДЕО)

Слободен печат

Макрон: САД треба да реинвестираат во Либан

Слободен печат

Демонстрантите во Бејрут обесија картонски ликови на премиерот и членовите на владата (ВИДЕО)

Слободен печат