„Интегра” пред гевгеличани ја претстави изборната програма

За прв пат на политичката сцена во Македонија се претставува политички субјект кој излегува на сцена со вистината. До сега живееме триесет години траорни, во лага, во фатаморгана од живот, истакна во своето обраќање пред гевгеличани Љупчо Ристовски, претседателот на македонската конзервативна партија „Интегра” на претставувањето на изборната програма „Аманет за Македонија”.

– Ако не ве крадеа овие грабливци со триесет милијарди долари изнесени надвор, денеска ќе имавте во вашите џебови 1.700 евра нето плата по вработен. Тоа е огромно богатство украдено од вашите џебови и разнесено по светот. Грев е македонецот на овој благодет да биде сиромав, само 15 дена во месецот да оди со исправена глава, а 15 со наведната. Затоа нашата цел е да го ослободиме македонецот кој триесет години гледа низ тој црно бел политички спектрум во кој освен тие две партии нема друг избор, друга понуда за да може да одлучи за ново, за подобро, за конечно да стане свој на своето, рече Ристовски.

Тој нагласи дека за среќа на народот се појави „Интегра” која ќе ја престрои Македонија во држава која ќе биде слуга на народот и која доколку има 61 пратеник во парламентот нема да дозволи ниту една албанска партија да се доближи до македонската влада.

Покрај ова лидерот на „Интегра” пред гевгеличани вети редуцирање на јавната администрација, нова транспортна стратегија со 956 километри брза железница по која за еден час ќе се стигнува до секоја точка, слободни земјоделско-сточарски зони, како и во првите 100 дена ништовност пред Меѓународниот суд за правдата на Времената спогодба од 1995, Преспанскиот договор од 2018 и на спогодбата со Бугарија и побара од гевгеличани подршка на 15 јули со заокружување на бројот 8 на гласачкото ливче на вонредните парламентарни избори. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот