Институтот Торлак, Рускиот фонд и компанијата Генериум потпишаа договор за производство на вакцината Спутник V

Фото: EPA-EFE/Bolivian Ministry of Foreign Affairs / HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Договорот за трансфер на технологија за производство на руската вакцина „Спутник V“ во Србија денес го потпишаа белградскиот институт за вирологија, вакцини и серуми Торлак, рускиот фонд за директни инвестиции и руската фармацевтска компанија „Генеријум“.

Ова го објави министерот Ненад Поповиќ, одговорен за иновации и технолошки развој во српската влада и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија.

„Овие се чувствителни и доверливи податоци што можат да ги разменуваат само партнери кои имаат голема меѓусебна доверба“, рече Поповиќ во изјавата.

Тој најави дека овој месец ќе се произведат „три серии за валидација“ на вакцината „Спутник V“ во Институтот „Торлак“, а примероците ќе бидат испратени за контрола на квалитетот до институтот „Гамалеја“ во Москва.

Откако рускиот институт ја потврди „валидноста на примероците“, Институтот Торлак ќе започне со производство на вакцината.

„Очекуваме тоа да се случи до 20 мај годинава“, рече Поповиќ.

Тој рече дека Србија на тој начин ќе стане првата земја во Европа што ќе произведува вакцина „Спутник V“, покрај Русија, и дека тоа ќе биде „историски момент за Србија“.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот