Институтот „Роберт Кох“: Невакцинираните се дури 98,5 проценти од жртвите на корона

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Од почетокот на февруари, кога започна вакцинацијата во Германија, смртта на 335 лица кои беа целосно вакцинирани е поврзана со корона. Тоа е само 1,5 проценти од сите смртни случаи поврзани со корона. Останатите 98,5 проценти од смртните случаи припаѓаат на невакцинираните, објави Институтот „Роберт Кох“.

„Бројките недвосмислено потврдуваат дека вакцините добро штитат – особено од тешкиот тек на болеста“, рече Карстен Валц, генерален секретар на Германското друштво за имунологија, за списанието „Шпигел“. Ова исто така важи и кога станува збор за сојот на делта на вирусот, иако вакцинираните луѓе можат полесно да се заразат со него.

Германскиот институт Роберт Кох за прв пат објави и податоци што укажуваат дека масовната вакцинација штити и од нови варијанти на корона. Досега, околу шеесет проценти од населението во Германија е целосно вакцинирано.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот