Минатата недела регистрирани повеќе од илјада заболени од грип

Грип/ Фото: Слободен печат архива

„Од 14 пациенти кои биле хоспитализирани земен е материјал, а половина од низ се позитивни на грип. Тоа значи дека половина од пациентите биле хоспитализирани поради пневмонии, што се должи на грип. Сè уште ги обработуваме податоците во однос на критичните пациенти, бидејќи таков тип информации не ги добиваме преку редовниот надзор, туку преку јавување во болниците“, вели д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Се зголемува бројот на заболени од грип. Изминатата недела се регистрирани повеќе од 1.000 заболени. Пристигнати се 40 материјали за тестирање од нив 20 се позитивни. Во државава циркулираат три типа на вирусот – тип Б, АH1 и АH3, изјави денеска д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека тоа што циркулира во Европа го има и кај нас.

– Од 14 пациенти кои биле хоспитализирани земен е материјал, а половина од низ се позитивни на грип. Тоа значи дека половина од пациентите биле хоспитализирани поради пневмонии, што се должи на грип. Сè уште ги обработуваме податоците во однос на критичните пациенти, бидејќи таков тип информации не ги добиваме преку редовниот надзор, туку преку јавување во болниците – додаде д-р Микиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот