Институт „Пастер”: Училиштата не се засилувачи на епидемијата

epa08995819 3rd grade pupils arrive for the first day of school after reopening at Tved School in Svendborg, on the island of Funen, Denmark, 08 February 2021, after the Corona pandemic lockdown in Denmark. Students from 0. to 4th. class are back on schools throughout Denmark. EPA-EFE/TIM KILDEBORG JENSEN DENMARK OUT

Во статија објавена во British medical Journal (Британски медицински журнал), професорот Арно Фонтане од институтот „Пастер” наведува дека училиштата се само одраз на распространетоста на епидемијата на дадена локација. Тој потсетува на социјалното значење за најмладите и нивните родители, јави дописникот на МИА.

Дали училиштата се погодни места за пренесување на вирусот е прашањето што редовно се поставуваше од почетокот на епидемијата. Според статијата изготвена по истражувањето на Институтот „Пастер”, предводена од професорот Арно Фонтане, се чини дека училиштата „не играат улога на засилувач” на епидемијата.

-Случаите во училиштата едноставно ја отсликуваат распространетоста во рамките на локалните заедници, се наведува во текстот, што потсетува дека децата под 10 години „веројатно се помалку заразни” од нивните родители и постарите.

Како и да е, наведува професорот во статијата, училиштата можат да придонесат за пренесување во рамките на заедниците.

Низ целиот свет, 31 земја избра целосно да ги затвори своите училишта, 48 имаат усвоено адаптирани распореди. Меѓутоа, статијата потсетува дека мерките за затворање на училиштата имаат последици далеку од здравствената димензија. Англиска студија го подвлече минатиот јануари „зголемувањето на анксиозните нарушувања и обидите за самоубиство” кај деца и адолесценти, кои страдаат од ограничувања и нарушувања во училишниот ритам.

Покрај социјалниот и менталниот развој на децата, училиштето во Франција, како и во остатокот од светот, е местото за физичка и алиментарна безбедност. За многу семејства, училишната менза обезбедува еден балансиран оброк дневно за децата и ги држи подалеку од можно семејно насилство. Па дури и за другите семејства, затворањето на училиштата значи „родителска загуба на приходот поврзана со грижа за децата или надзор за учењето преку Интернет”,  се нотира во статијата, во која се заклучува дека „затворањето на училиштата ги зголемува постојните социјални нееднаквости”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот