ИНСТАТ: Во Албанија се помалку ученици во основните и средните училишта

Бројот на ученици во албанските училишта рапидно се намалува во последните години, особено во основното образование.

Според податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, во учебната 2019/2020 година, во основните училишта наставно-воспитниот просец го следеле 294.879 ученици. Таа бројка е помала за 3,8 отсто споредено со претходната и 10,1 отсто во споредба со учебната 2016-2017 учебна година.

-Состојбата е проблематична и во средното образование, каде бројот на учениците се намалил за 4,2 отсто. Исто така, бројот на ученците кои го завршиле средното образование е помал за 3,6 отсто. Овој пад е поврзан со падот на популацијата што припаѓа на оваа возрасна група,поради големото ниво на емиграција, наведува ИНСТАТ.

Во однос на квалитетот во наставниот процес, ИНСТАТ нагласува дека односот ученици и наставници има голема разлка меѓу јавното и приватното образование.

Во јавното образование во Тирана има еден наставник за околу 25 ученици, во Драч 22 ученика на еден наставник, додека во приватното образование 12 ученици по наставник.

Во учебната 2020/2021 година во 1.754 основни и средни училишта во земјата настава следат над 430 илјади ученици, кои поради обилните снежни врнежи и минусните температури од денес настава следат онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот