ИНСТАГРАМ ПРОТИВ „БУЛИНГОТ“: Размислете уште еднаш пред да го објавите коментарот!

инстаграм

Во време кога речиси целиот свет секојдневно „виси“ на социјалните мрежи, неизбежно е и препукувањето преку коментари.

Инстаграм е првата социјална мрежа која вложува многу во тоа да биде безбедна за сите свои корисници. Тие преземаат драстичен чекот во врска со дрските и навредливите коментари под објавите.

Тие сакаат на секој можен начин да ги заштитат корисниците, за тие да не бидат под притисок поради навредливите коментари и бројот на лајкови. Од една страна, воведуваат алатка која ќе детектира навреди во коментари и ќе го предупредува корисникот да размисли уште еднаш пред да коментира.

Од друга страна, тестираат и опција за рестрикција, односно криење на коментари кои не ви се допаѓаат, а оној кој го објавил коментарот нема да знае дека не е видлив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот