Инстаграм ја цензурираше Мадона, ширела завери за короната!

Instagram

Инстаграм ја цензурираше американската пејачка Мадона поради ширење лажни информации за наводниот лек за коронавирусот, откако пренела исечоци од видео, кои на Твитер ги пренесе и американскиот претседател Доналд Трамп.

Во објавата пејачката, која ја следат 15,4 милиони луѓе, тврдi дека проверената вакцина е на располагање веќе со месеци, но се држи во тајност за „богатите уште повеќе да се збогатат, а сиромашните и болните да бидат уште поболни“.

На тврдењето го додала видеото на американската лекарка Стела Имануел, која го фали хидроксихлорокинот како чудесен лек за коронавирус.

Никој не мора да се разболи. За вирусот постои лек и се вика хидроксихлорокин“, се зборовите на Имануел во видеото. Таа лобира против носење маски и против забраните.

Различни делови од обраќањето на д-р Имануел се шират на интернет изминативе денови. Делувањето на хидроксихлорокинот, лекот против маларија, не е докажано како ефикасно против короната.

„Го отстранивме видеото поради лажни тврдења за лековите и методите за превенција од корона“, изјави портпаролката на Инстаграм и појасни:

„Луѓето кои реагираат, коментираат или го споделуваат видеото ќе добијат пораки со кои ќе бидат упатени кон веродостојни информации за вирусот.

Мадона пролетва беше позитивна на коронавирус, а во мај објави дека целосно се опоравила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот