Инстаграм е сѐ пополуарен: Смартфоните во Србија се користат сѐ повеќе

Расте и бројот на луѓе кои телевизија гледаат преку мобилниот телефон.

Дигиталните сервиси и социјалните мрежи земаат се поголем замав и во регионот. Се проценува дека во 2019 година околу 5 милиони граѓани на Србија користат дигитални сервиси на мобилните телефони.

Според податоците објавени во српските медиуми, подеднакво ги користат и мажи и жени, а најмногу младите.

Најмногу се користи Viber, апликација која ја користат 77 отсто од испитаниците во последниот квартал од минатата година. На второто место е Facebook со 68, на трето Instagram со 59, потоа следат и Facebook Messenger и WatsApp со 59, односно 55 отсто.

Најголем раст бележат Instagram, WatsApp и Viber.

Половина од српските граѓани вестите ги читаат преку новинските апликации на мобилните телефони. Она што е зачудувачки е дека навигација и туристички апликации користат нешто помалку од третина.

Расте и бројот на луѓе кои телевизија гледаат преку мобилниот телефон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот