Инспиративен живот во седмата деценија: Смиљка, Воскресија, Софија и Сузица, четири жени, четири креативни приказни

Смиљка Крстевска, Воскресија Априлска, Софија Лепојевиќ и Сузица Панова се четири талентирани уметници, кои со уметност почнале да се занимаваат на повозрасни години, кои возраста си ја „носат“ со гордост и задоволство, кои наоѓаат животна радост во сè што ги опкружува и кои веруваат дека убавината ќе го спаси светот. Нивните приказни секого ќе поттикнат да почне да бара задоволство во малите, а толку големи нешта.

Смиљка Крстевска: Живеам со широко отворени очи и душа

Задоволството и страста за активен и креативен живот кај велешанката Смиљка Крстевска се разбудила во периодот кога останала без работа. И покрај секојдневните обврски, наоѓала време за свој израз преку изработка на накит.

Мирот, трпението, радоста на малите нешта почнуваат да ме исполнуваат.

За реализација на првите идеи на парчиња накит ја привлекол глинамолот, пластичноста на материјалот од кој лесно може да се направат различни форми. Неколку години подоцна ја препознала полимерната глина како нова можност за игра на форми и бои, што ѝ донело големо задоволство.

– Возраста си има свои предности, во текот на животот учиме, па оттаму и мудроста доаѓа со годините. Мирот, трпението, радоста на малите нешта почнуваат да ме исполнуваат. Живееш со пошироко отворени очи и душа и го чуваш и негуваш човекот во себе, ни рече Смиљка.

Според оваа жена креативка, неблагодарно е да се каже дека надворешниот изглед не е важен, но фактот дека убавината доаѓа однатре за неа е многу посилен. Наоѓа време за пешачење и за активности во дворот околу негата на цвеќињата, радосна е со секоја нова прочитана книга и практикува ментална гимнастика решавајќи крстозбори.

Ја прашуваме дали со денешната самодоверба и искуство, погледнувајќи наназад во животот, жали за нешто што направила или за што се грижела?

– Не жалам за ништо, единствено можеби за незнаењето во помлади години да го пуштам спокојот пред сè и така низ времето да уживам без брзање и грижи во обврските, во средбите со драги луѓе и посакуваните патувања што се мигови за паметење, а секако и мотивација.

Прочитајте и...  Седум причини да се заљубите во есенското кампување!

За Смиљка љубовта нема дефиниција, таа е нешто повеќе од чувство:

– Љубовта е посветеност, но не само во некој личен однос што го развиваме и надградуваме, таа е енергија и комуникација со природата, музиката, пишаниот збор. Љубовта е давање, но без очекување нешто за возврат. Мисла водилка која облагородува. Со неа во нас расте благодарноста за сè што имаме во животот.

Сузица Панова: Сакам да играм, да свирам, да пеам, тоа ме прави среќна

За Сузица Панова нејзината возраст е само поголемо искуство, но смета дека предноста треба да им се препушти на младите доколку имаат желба за креативни активности, а постарите треба да им бидат поддршка.

Сузица сака да изработи нешто што ѝ се допаѓа, па така зависи и што материјал ѝ се наоѓа при рака.

Каде и да се наоѓа, дома или во викендичката, Сузица сака просторот и околината да ѝ бидат убаво средени, бидејќи така и таа се чувствува поубаво, а уште поубаво се чувствува кога тоа што ќе го изработи им се допадне на оние кои ќе го видат.

Кога станува збор за уметноста, вели дека одредена насока нема, зашто не креира за профит, туку сака да изработи нешто што ѝ се допаѓа, па така зависи и што материјал ѝ се наоѓа при рака. Обично користи материјали за рециклирање.

– Со оглед на годините, треба да се грижиме за нашиот изглед, иако убавината на човекот доаѓа однатре, сепак важен е и надворешниот изглед – вели Сузица и додава дека посебни ритуали за нега не практикува.

Прочитајте и...  Истражувања на Антарктикот покажуваат: Изолацијата го менува вашиот мозок

Сузица ужива во утринското кафе со сопругот, а во текот на зимскиот период оди во фитнес-клуб трипати во неделата. Неостварена желба ѝ е музиката, сака да свири, да пее и да игра, тоа ја прави среќна.

– Љубовта е силно чувство кон нештата што ги сакаш – заклучува Сузица на прашањето што за неа претставува љубов.

Воскресија Априлска: Кај мене убавината доаѓа „под обавезно“, без пардон

За изработка на своите креации Воскресија, која е родум од Прилеп, а живее во Скопје, користи суво цвеќе, букмаркери, магнети, кожа, накит, изработува и обратен декупаж на чинии и тегли, а рециклира и шишиња.

Бидејќи животот е игра, сè треба да се проба доброволно, танцувајќи.

Во што го наоѓате животното задоволство и страста за активен и креативен живот?

Ха, ха… Во тоа што сум жива. А бидејќи животот е игра, сè треба да се проба доброволно, танцувајќи.

На какви кретивни активности сте насочени?

– Пред сè на свесно дишење и сè друго што ќе донесе мигот и денот.

Сфативте ли дека вашата возраст може да биде голема предност и во што ја гледате предноста?

– Прво немам возраст, само димензија! А тоа што го нарекувате возраст ништо не гарантира, или како што велиме во Прилеп, или ти пее петлето, или не.

Колку ви е важeн надворешниот изглед и какви рутуали практикувате за да се чувствувате убаво во своето тело?

– Кај мене убавината доаѓа „под обавезно“, без пардон. Чувството на среќа и задоволство доаѓа од главата и од срцето, повисоки сфери од материјалното тело. Во целокупната хармонија телото зазема мал дел. Како и да е, убавината ќе го спаси светот.

Со денешната самодоверба и иксуство, погледнувајќи наназад во животот, за кои карактеристики или грижи што сте ги имале жалите?

Прочитајте и...  Оливија Њутн откри зошто со Џон Траволта не играа во продолжението на „Брилијантин“!

 Јас сум од оние кои не можат да си го дозволат луксузот да жалат за што било во животот.

Што е за вас љубов?

– Во човечката димензија љубовта е грижа, разбирање и служење, служење, служење…

Софија Лепојевиќ: Сè уште во мене има неисцрпен извор на идеи

Сè што е околу неа – сè може да ја ирадува велешанката Софија, а воедно и да ја инспирира. Во секаква ситуација добро се снаоѓа и има способност да импровизира, а тоа ѝ прави добра подлога за креативно делување.

Софија предност на својата возраст гледа во имањето повеќе време, вели дека станала потрпелива.

Се испробала во повеќе области, од сликање на стакло, сликање на свила, до креативно плетење. Последните десетина години ги посветува на монистрата во која наоѓа неицрпни можности. Од тие зрнца прави накит за невести, бидермаери, ѓердани, белегзии.

Предност на својата возраст гледа во имањето повеќе време. Вели дека станала потрпелива во работата.

– Годините си земаат свој данок како што е видот и издржливоста за долго работење. Во секој случај, барем за мене, сатисфакција е што сè уште има во мене неисцрпен извор на идеи – вели Софија.

Важен ѝ е изгледот, но не робува на тоа дека во шеесеттите треба да изгледа како на триесетгодишна возраст. Им благодари на гените што не мора многу да се труди околу изгледот.

– Мајка ми и на 85-годишна возраст изгледа добро и витално. Единствено околу килограмите би требало да се позанимавам, но… – додава таа.

Не жали за ништо во животот, зашто, како што вели, не е човек кој плаче по истурено млеко. Тоа што било, било, таа оди понатаму. За Софија љубовта е непредвидлива сила, ѝ дава енергија во секој аспект на животот, па и во креативното изразување.

Прочитај повеќе

Крај на големата љубов: Шехерезада и Сулејман се пред развод, нема веќе страст! (ФОТО)

Васко Спасоски

Се породи ѕвездата на мјузиклот „Мама Миа!“: Актерката успешно ја сокри бременоста! (ФОТО)

Слободен Печат

Ријана позираше во проѕирен градник, па се искара со своја обожавателка! (ФОТО)

Васко Спасоски

Овие луѓе со исти хороскопски знаци се неверојатно компатибилни и создадени еден за друг!

Слободен Печат

За Каролина Гочева допрва почнува лето: Пејачката отпатува на „непозната“ дестинација и објави фотографија во бикини! (ФОТО)

Васко Спасоски

Оливија Њутн откри зошто со Џон Траволта не играа во продолжението на „Брилијантин“!

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Миленикот на жирикомисијата од „Ѕвездите на Гранд“, Гоце од Прилеп сними песна! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Ова е најлошата работа која можете да ја чувате во вашиот паричник!

Слободен Печат

Од оперско пеење, до награда на „Макфест“: Интервју со Полина Тасева, новата ѕвезда на македонската музичка сцена! (ФОТО/ВИДЕО)

Васко Спасоски

После ова видео повеќе ќе посветите внимание на миењето раце!

Слободен Печат

Уште една награда за убавина: Македонката Андријана од Кемер се враќа со титула „Мис Бикини“ (ФОТО)

Васко Спасоски

Саша Барон Коен го објави името на новиот филм за Борат, кој го снимил во тајност!

Слободен Печат