Инспирација за сите жени: Оваа холивудска ѕвезда првото дете го роди на 40 години

Фото EPA/CLAUDIO ONORATI

Ева Мендес е холивудска убавица која до својата 40-та година не се брзаше да стапи во брак и да има деца. Но, еден маж го смени сето тоа.

Таа е во брак со Рајан Гослинг, со кој ја започчна врската во 2011 година. Тие денеска важат за еден од најскладните парови во Холивуд кои својата приватност успешно ја кријат од папараците, а децата не ги изложуваат на медиумско внимание.

Додека да го запознае Рајан, таа воопшто не ни сакала деца, но тој ја натерал да засака негови деца. Љубовта со познатиот актер целосно ја променила, а таа на сите жени во светот им порачува дека не мораат да брзаат, бидејќи вистинските нешта секогаш наоѓаат начин да се реализираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот