Инспекторот испукал куршум во полициска станица

Илустрација/Архива на Слободен печат

Полицискиот инспектор Ш.С. од тетовската полиција заработи кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР за сомневања за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 2 јуни Ш.С. во просториите на СВР Тетово, поради невнимателно ракување со службениот пиштол, испукал еден куршум во неговата канцеларија, при што никој не бил повреден. Од страна на Одделот за внатрешна контрола поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот