Инспекторот Илиевски бара заштита од институциите, откако е покрената дисциплинска постапка против него

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски на 19 јули треба да се појави пред дисциплинска комисија во Државниот просветен инспекторат (ДПИ), во врска со скандалот кој го обелодени дека јавни функционери  незаконски напредувале во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули), пишува „Факултети.мк“.

Постапката е покрената од Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.

Илиевски објаснува дека веќе бил кај Народен правобранител, од каде што побарал нивен претставник да биде присутен за време на разгледувањето на неговиот случај на 19 јули.

– Доставив целокупна документација до Народен правобранител, од каде што побарав нивен претставник да биде присутен за време на комисијата. Истото ќе го побарам и од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Вчера доставив барање и до Државната комисија за спречување корупција да бидам заштитен. Јавноста треба да знае како се води случајот, зашто станува збор за јавни функционери. Наредбата на која се повикува директорот на ДПИ, Томе Спировски, беше донесена лани откако бевме нападнати на факултет во Струга и кога ги известивме медиумите. Кога ги добив сознанијата за функционерите и во присуство на повеќе инспектори, се изјаснив. Ќе побарам од нив да сведочат пред комисијата. Ако јас не ги изнесев сознанијата до кои дојдов при инспекцискиот надзор во Тетово, ќе бев соучесник во криминално дело. Ме штити и Законот за укажувачи – објаснува Илиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот