Инспекторите влегоа во Психијатриската болница Бардовци по објавените видеа од тепање на пациенти

Тепање на пациент во Психијатриската болница Бардовци/Фото: Скриншот/Фејсбук

Откако на социјалните мрежи се појавија вознемирувачки видеа од тепање на пациенти во Психијатриската болница Бардовци во Скопје од страна на други пациенти, хоспитализирани во болницата, реагираше Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) кој издал налог за вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Прихијатриска болница „Бардовци“.

По извршувањето на надзорот инспекторите од ДЗСИ ќе излезат со соопштение за состојбите во болницата.

Случајот со претепувањето на пациент е пријавен и во МВР и полицијата работи на негово расчистување.

На Фејсбук по објавувањето на видеата, се огласи и директорот на ЈЗУ Психијатриска болница „Бардовци“ Мухсин Арифи и потврди дека тепачката навистина се случила и тоа во судското одделение на болницата.

-Како новоименуван директор на скопската психијатриска болница, чувствувам должност да се осврнам на широкото мислење за последните случувања во врска со агресивните пациенти кои меѓусебно се тепаат во судското одделение кое е строго третирано од надлежниот суд. Тоа е за лица кои извршиле тешки кривични дела како убиство, обид за убиство и слично. Иако во болницата има недостиг на кадар, Ве известувам дека по настанот од моја страна се преземени сите неопходни мерки, известени се задолжените за заштитата на пациентите и сите надлежни институции кои моментално се грижат за безбедноста, напиша Арифи.

Тој очекува институционална разрешница на случајот што е можно поскоро.

-Во меѓувреме почнав да поставувам мерки и механизми за спречување на вакви немили настани во иднина. Крајната цел е да се постигне трајно решение за подигнување и одржување на безбедноста на болницата и подобрување на условите за нејзино нормално функционирање, напиша тој.

На двете објавени видеа се гледа како еден пациент снима и наредува тепање на друг пациент кој „мора“ да се претстави на почетокот на снимката, додека тој што снима вели дека тука лежел поради тепање на мајката и жената.

Според информациите на социјалните мрежи тој што снима и поттикнува второ лица да тепа, бил прогласен за психички нездрав, откако во Неготино си ја уби мајка си, ја искасапил и ја фрлил во контејнер, но затворската казна ја отслужува во психијатриската болница Бардовци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот