Инспекторите направиле над 5000 контроли и надзори за седум дена, осум угостителски објекти затворени

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Инспекциските служби во периодот од 29 март од 4 април спровеле вкупно 5.236 надзори и контроли. За констатираните неправилности изречени се решенија, прекршочни пријави и платни налози. Директорката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска апелира до угостителските субјекти и до граѓаните да ги почитуваат новите рестриктивни мерки, а ги охрабрува инспекторите да вршат засилени контроли.

– Ова е период кога сите треба да дадеме максиум во битката со вирусот. Видовме дека овој бран на вирусот е многу поопасен и многу побрзо прогресира и затоа е клучно огранучувањето на бројот на контакти и почитувањето на мерките, рече Филиповска-Грашковска на денешната прес-конференција во Владата.

Во изминатиот седумдневен период од страна на пазарните инспектори извршени се над 4.500 контроли и надзори при што изречени се 34 прекршочни пријави, 91 решение и 43 платни налози.

Вкупно осум угостителски објекти се затворени поради непочитување на протоколот за работа. По два угостителски објекта се од Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово.

– Во овие угостителски објекти не се почитувало работното време или бројот на гости, односно ограничувањето на гости на една маса. Во сите овие случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени на лице место, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози, истакна Филиповска-Грашкоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот