Инспектори затворија локал во Гостиварско кој работел после 21 часот

На 13.11.2020 во 23,00 часот во СВР Тетово било пријавено дека угостителски објект во село Врапчиште сопственост на И.З(38) од с. Врапчиште од полициски службеници бил затекнат дека истиот е отворен.
Во објектот И.З. бил со неговиот малолетен син и М.М.(52), И.Џ.(52), Д.С.(49) и А.И.(35) сите од село Врапчиште, при што истите постапиле спротивно на здравствени прописи за време на епидемија.
Од инспектор од Државниот пазарен инспекторат бил извршен увид и објектот бил затворен со налепница.
Увид е извршен од екипа од Полициска станица Гостивар.
Видео на денот