Инспекторатот казни десет правни субјекти на крајбрежјето во Охрид

Плажа Охрид Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Општинскиот инспекторат од Охрид во текот на празничниот викенд, во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, од аспект на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од Корона вирусот Ковид-19, при што се изречени казни на десет правни субјекти.

Станува збор за казни против пет правни субјекти од автокампот „Градиште” што ги прекршиле одредбите од Законот за градење при што за секој од нив е изречена глоба во износ од седум илјади евра во денарска противвредност. Инспекторите констатирале дека тие правни субјекти незаконски поставиле урбана опрема – тераси со и без натстрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема.

Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето на потегот во населбата „Свети Стефан” каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така од страна на општинските инспектори е утврдено законско прекршување, при што се изречени глоби против исто пет правни субјекти, со идентичен износ од по седум илјади евра во денарска противвредност.

Од Локалната самоуправа посочуваат дека и во текот на наредниот период инспекторатот ќе спроведува интензивни контроли на угостителските објекти и плажите на Охридското крајбрежје и ќе ги санкционира сите прекршувања на законските одредби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот