Инспекторат: Штитениците добиваат терапија препишана по специјалистчки прегледи

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ДСЗИ, изврши вонреден инспекциски надзор на КПД Охрид, откако во јавноста се обелодени дека штитеници од установата биле затекнати под силна терапија со седативи, антидепресици и други лекарства за психички растројства, при последната контрола на народниот правобранител.

Инспекторатот констатирал дека таму има вкупно згружени 12 штитеници на возраст од 16 до 22 години, а од нив петмина се малолетни.

– Здравствена заштита им е обезбедена преку ЈЗУ Здравствен дом Охрид-докотор од Итнамедицинска помош. Редовните посети од страна на докторот се еднашнеделно, а на повик секогаш во првите 24 часа од прием на секое новолице во установата. За извршените здравствени услуги се води уредна евиденција. Во однос на терапијата која им се ординира на штитениците во КПУ Охрид, од извршениот надзор во ЈЗУ Општа болница Охрид констирано е дека терапијата е врз основа на специјалистчки извешати (прегледи) од психијатри вработени во ЈЗУ ОБ Охрид. За двајца од штитениците терапијата е дадена врз основа на нивната предходна хоспитализација во ЈЗУ УК за психијатрија Скопје. За следење на здравствената состојба на штитениците се вршат редовни прегледи што се потврдува со приложените специјалистички извештаи од јуни, јули, септември и октомври месец 2019 година – соопштија од Државниот санитарен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот