Инспектор за животна средина барал поткуп од 200 евра

Фото: Profimedia

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.Р.(51) од Тетово, државен инспектор за животна средина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” и против С.А.(40) од тетовското село Фалише поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање”.

На 22.04.2021, А.Р., вршејќи службена должност во Кичево, од сопственик на правен субјект во Кичево, побарал и добил 200 евра, со цел да му изготви записник за инспекциски надзор во фирмата во кој ќе констатира дека нема неправилности во нејзиното работење.

Второпријавениот, во просториите на неговата фирма со седиште во Кичево, му овозможил на А.Р. да ги земе парите од поткупот по што ги скрил во својата канцеларија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот