Инспектор за дрога го натепал началникот на ОВР Радовиш

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против Б.И. осомничен за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“ по член 383 став 2 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопшти МВР, пријавениот Б.И. – самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш во ОВР Радовиш, на 20.12.2024 во службени простории на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш О.Г..

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка, соопштија од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот