Инспекција упадна во АстраЗенека во Белгија: Дали дозите им ги продаваат на Британците?

АстраЗенека / Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Белгисите здравствени власти испратија инспекција во фабриката на АстраЗенека во општината Сенефе за да утврдат дали доцнењето со испораката на вакцини против коронавирус всушност е последица на проблемот со производство, јавува АП.

Европската комисија побара од белгиските власти да ја прегледа фабриката во Белгија поради незадоволството со објаснувањата на АстраЗенека дека не се во можност да ги испорачаат очекуваните дози за ЕУ во договорениот рок.

Оваа фабрика е една од четирите локации на кои, врз основа на договорот се произведуваат вакцини за АстраЗенека за пазарот на ЕУ.

АП наведува дека властите од ЕУ се под неопислив политички притисок зошто испаднало дека вакцинирањето се спроведува многу поспоро отколку во Велика Британија и Израел.

АстраЗенека објави минатиот викенд дека планира да го намали своите иницијално договорени испораки кон ЕУ од 80 на 31 милион дози вакцини. ЕУ во средата утврди дека ќе прими дури и помалку од овие дози односно само четвртина од она што 27 нации на ЕУ се договорија да им се испорача од јануари до март оваа година.

Германски Дер Шпигел наведува дека инспекторите ќе истражат дали објаснувањето со кое АстраЗенека ја оправдува новонастанатата состојба со испораката на ЕУ е вистинита, односно дали испорачува од споменатата фабрика материјал за купувачите во Велика Британија.

Имено, Брисел се сомнева дека намалените испораки од вакцините се последица на тоа што компанијата можеби испорачувала неограничени количества вакцини во земјите кои не се членки на ЕУ, можеби дури и од фабриките од подрачјето на ЕУ. АстраЗенека инсистира дека за тоа не станува збор, туку дека се работи за „технички проблеми во производството“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот