ИНОВАЦИЈА НА СРЕДНОШКОЛЕЦ ОД ПРИЛЕП: Уникатен шприц кој ги штити медицинските лица од зарази

Фото: Принтскрин

Средношколецот Сашо Јандрески од Прилеп, кој има 16 години и е втора година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, изумил шприц кој 100 проценти ги штити медицинските лица од зарази.

На проектот со неколкумина професори експерти од Министерството за здравство и Медицинскиот факултет во Скопје, Јандрески работел 8 месеци.

Како волонтер во итната медицинска помош и црвениот крст овој млад генијалец дошол до идеја наместо стандардниот со мека еко и брзо разгадлива пластика да направи шприц кој целосно ги заштитува пациентите и медицинскиот персонал од хепатитите  Б и Ц и ХИВ вирусот.

-Со овој нов модел на шприц, здравствените работници целосно се заштитени од каква било зараза од Хепатит Б и Ц при давањето терапија. Заштитени се и ветеринарите, фармацевтите, лаборантите. Самиот шприц е достапен во два вида: од обична и од биоразградувачка пластика. Од тој аспект мислевме на заштитата на животната средина, па професорката по биологија Наташа Милеска Михајлоска од прилепското основно училиште „Климент Охридски” каде учев,  со мене неуморно работеше на сите истражувања – вели Јандрески.

Овој медицински шприц прв од ваков вид во светот  брзо, лесно и прецизно без проблеми би се користел и  во возилата на итната медицинска помош кога со голема брзина пренесуваат пациент кој се бори за живот но и во ургентните центри.

– Шприцот е компактибилен за секаков вид терапии: дермална, епидермална, мускулна и интравенозна.По инјектирањето на лекот, иглата се повлекува и навлегува во волуменската капсула, доаѓа до блокаторот кој го блокира целиот шприц. Шприцот е само за една употреба. За шприцот дојдов на идејата волонтирајќи во Службата за итна медицинска помош и во прилепската болница „Борка Талески” на педијатриското одделение. Идејата е да ги заштитам здравствените работници од Хепатит Б и Ц. Функционира под дејство на ротацијата на притисочната рачка.  Моето мото е дека иднината е во сите нас, сите да бидеме креативни, да создадеме нешто подобро за нашата држава, за целото општество, за целиот свет – додава Јандрески.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот