Иновација на Ковач, совет на играчи во Баерн
Нико Ковач кој минатата година седна на клупата на Баерн Минхен, на почетокот се соочуваше со бројни проблеми во соблекувалната кои го поткопуваа неговиот авторитет. Но, од оваа сезона, Ковач воведе иновативна идеја со која се знае кои фудбалери ќе смеат да зборуваат во соблекувалната, а кои ќе слушаат.
Имено, тој им порача на фудбалерите да си формираат совет на играчи кој ќе го сочинуваат шест првотимци. Во него се тројцата капитени, Маниел Ноер, Томас Милер и Роберт Левандовски, и искусните Давид Алаба, Џошуа Кимих и Тиаго Алкантара.
– Тиаго е лидер како на теренот, така и надвор од него. Алаба долго работеше за да дојде до оваа позиција, а Кимих ја претставува младата генерација – изјави Ковач за „Билд“, притоа додавајќи дека Тиаго ќе биде претставник на фудбалерите кои зборуваат шпански јазик.
Ваков совет постоеше и порано кога капитен на баварците беше Филип Лам, а според јавноста, овој потег на Ковач ќе донесе да се подобри атмосферата во тимот.