Инклузивна претстава „Пепелашка” на отворената сцена во Домот на млади во Штип

фото: МИА

Инклузивна претстава „Пепелашка”, во која главните улоги ги играат деца со попреченост ќе биде изведена денеска на отворената сцена во Домот на млади во Штип.

Претставата е подготвена од танцовото инклузивно студио „Еурека”. Подготовката на претставата е делумно помогната преку проектот „Попреченоста е прашање на перцепција” кој го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, а финансиски поддржан од Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот