„Инклузивa” и Општина Крива Паланка продолжуваат со успешната соработка за поддршка на деца со попреченост

Лица со попреченост /фото МИА

Продолжување на поддршката на учениците со попреченост, најава за нови можности за стипендирање на ученици со нетипичен развој како и  подобрување на пристапноста на училиштата од Крива Паланка беа теми на разговор на средбата помеѓу градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и претседателката на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива”,  Благица Димитровска.

-На средбата се разговараше за претстојните активности од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор” заедно со партнерот ,,Инклузива” и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак”. Овој проект се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а финансиски е поддржана од страна на Европската унија и во рамки на истиот во Крива Паланка тековната учебна година 2020/21 се стипендираат четири дечиња со попреченост, од прво и второ одделение од двете основни училишта во Крива Паланка, ООУ „Илинден” и „Јоаким Крчовски”, а од „Инклузива” најавуја дека и во септември овој тренд ќе продолжи, рече Мицевски.

Димитровска информира дека и следната учебна година ќе биде објавен јавен  повик за стипендирање ученици со попреченост, во кој за првпат ќе можат да конкурираат покрај дечиња со нетипичен развој и деца со оштетен вид, слух, говор, како и деца со Даунов синдром и сл.

-Во претстојниот период  заедно со учлиштата ќе работиме на  индентификација на децата со попреченост и нивните потреби, организирање стручни обуки за наставниот кадар, како и на мониторинг и евалуација на досегашните активности на грантистите, рече Димитровска.

Според Мицевски, основните училишта од Крива Паланка ќе конкурираат и на повикот за грантови за подобрување на пристапноста за лица со попреченост, што подразбира адаптација на сензорни соби, набавка на асистивна технологија и изградба и опремување на инклузивни игралишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот