„Инклузива” ги следи изборите со свои набљудувачи- забелешки за можностите за гласање на лица со попреченост

Гласање на предвремени парламентарни избори 2020 / 15 јули 2020 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Претседателката на „Инклузива” Благица Димитровска информираше дека на поголем број места немало сликовити прикази за гласање, на некои избирачки места шаблоните за гласање не се употребувале или не биле поставени на маса, набљудувачите се жалеле на односот на членовите на општински изборни комисии.

Набљудувачите од Здружението „Инклузива” имаат повеќе забелешки во однос на можностите за гласањето на лицата со попреченост во државата, соопштија денеска надлежните од Здружението на прес-конференцијата.

„Инклузива” ги набљудува парламентарните избори со 70 набљудувачи – лица со попреченост кои следат 210 избирачки места.

Според извештајот на набљудувачите, дел од местата за гласање не биле пристапни за лицата во инвалидски колички, немало простор за одржување на социјална дистанца, на некои места параваните за гласање на инвалидизираните лица не биле поставени или биле поставени на несоодветни места, немало пристапни рампи, ниту ракохвати.

Претседателката на „Инклузива” Благица Димитровска информираше дека на поголем број места немало сликовити прикази за гласање, на некои избирачки места шаблоните за гласање не се употребувале или не биле поставени на маса, набљудувачите се жалеле на односот на членовите на општински изборни комисии.

Таа пренесе дека набљудувачите имале и забелешки и укажале дека немаат можност за одржување физичка дистанца, а поединци на неколку гласачки места во државата не носеле заштитна опрема. Некои места биле тесни за да можат да се движат лицата со попреченост кои користат количка или помагала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот