Иницијатива „WeBalkans – млади европски амбасадори”: Втор настан „WeGreen, Youth goes clean”

Заштита на околината и климатските промени е тема на вториот настан „We Green, Youth goes clean” на младите европски амбасадори што ќе се одржи денеска онлајн. Настанoт, како што соопшти проектниот тим на младите европски амбасадори, ќе биде посветен на зелената агенда на Западниот Балкан, стратегија за справување со загадувањето, како и сѐ она што младите можат да сторат за да го направат нашиот регион „зелен”, а воедно и поздраво место за живеење.

– Нашите млади европски амбасадори ќе ве запознаат со некои од најреномираните и најинтересни говорници од цела ЕУ и Западен Балкан. Со нив ќе воспоставиме интерактивна комуникација за некои од најактуелните проблеми, се вели во соопштението.

Иницијативата „WeBalkans – млади европски амбасадори” е дел од Стратегијата за регионална комуникација на Европската Унија за Западен Балкан. Мрежата на млади европски амбасадори e основана во август 2020 година, откако над 400 млади луѓе од целиот регион се пријавија да учествуваат, при што тие собраа повеќе од 80.000 гласови поддршка од цела ЕУ и регионот.

– Финалните 60 победници, денес познати како „Млади Европски Амбасадори”, се дел од креативната мрежа на идни инфлуенсери од целиот регион на Западниот Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Исто така, тие се и лица кои се заинтересирани да споделат и поддржат различни теми како интеркултурно учење, заеднички регионални и локални иницијативи, уметност, култура, спорт, дигитални технологии, заштита на човекови права, додаваат во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот