ИНИЦИЈАТИВА: Ќе прерасне ли руинираниот објект во Ченто во културен простор?

Фото: Фејсбук

Културно-едукативен настан чија цел беше да се поведе иницијатива за обнова на напуштениот Дом на култура во населба Ченто, преку вклучување на локалната власт, граѓанските организации, уметниците и локалните жители, се одржа вчера во населбата Ченто.

Најпрво во руинираниот Дом на културата беше одржана Еко акција за расчистување на внатрешноста на објектот и беше извршено симболично метење на театарската сцена. Потоа во паркот „Методија Андонов Ченто“ се одржа панел-дискусија, на која учесниците дискутираа за тоа како напуштен објект да се претвори во мултифункционален и самоодржлив културно-едукативен простор, надвор од центарот на градот. Потоа присутните граѓани се забавуваа со музиката на неколку диџеи и македонски бендови.

Фото: Фејсбук

– Населбата Ченто порано имаше прекрасен Дом на културата што го посетуваа илјадници луѓе низ годините. На површина од цели 2.800 метри квадратни, бина од 85 метри квадратни и сала со 328 седишта, овој простор биеше како културно срце на населбата. На огромна штета на илјадници граѓани на Скопје, веќе 25 години Домот на културата е мрачно, руинирано, неупотребливо место – велат од невладината организација „Културно ехо“, која беше организатор на настанот со поддршка на Град Скопје и Општина Гази Баба.

Организаторите сметаат дека по примерот на многу европски метрополи, на Скопје и на другите градови низ Македонија им е потребна стратегија за решавање на сложениот проблем со руинираните објекти, во чии просторни капацитети може да се направи соодветна интервенција и да се оспособат за нова функционална програма, според потребите на граѓаните.
Здружението „Културно eхо“ го организираше овој еднодневен културно-едукативен настан, со цел да поведе иницијатива за обнова на напуштениот Дом на културата во населбата Ченто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот