Иницијатива на Заев: Признанија за пратениците од првиот парламентарен состав во независна Македонија

8 септември 1991 година, прв парламентарен состав во незавинса Македонија/Фото? Screenshot/YouTube

Премиерот Зоран Заев по повод 30-годишнината од независноста на Македонија иницира доделување на признанија за сите 120 пратеници од првиот парламентарен состав во самостојната држава. Постхумно, според премиерот, признанија ќе добијат семејствата на починатите пратеници.

„Како премиер во името на Владата на РСМ, а по повод 30-годишнината од 8-ми септември, Денот на независноста, покренувам Иницијатива за доделување на 120 признанија за сите пратеници од првиот собраниски сосстав за нивниот особен придонес во поставувањето на општествените и институционални темеливо изградбата на независна, суверена, слободна и демократска држава Република Македонија сега Република Северна Македонија. За оние кои не се веќе меѓу нас, признанијата да бидат доделени постухумно, предлага премиерот Зоран Заев.

Тој образложува дека тие 12о пратеници „како претставници на сите граѓани, од сите етнички заедници во нашето мултиетничко општество, пратениците од првиот собраниски состав се вградени во важни одлуки, како што е Декларацијата за самостојност, Одлуката за распишување Референдум за самостојност, изборот на првата демократска влада, изборот на претседателот Киро Глигоров, првиот Устав и многу други одлуки со кои дадоа значаен придонес, за тоа да станеме суверена, демократска држава со полн суверенитет“.

-Воведувањето на плурализмот, воспоставувањето на новите демократски институции и темелите на општествената трансформација започнаа токму со тој собраниски состав и на сите пратеници од сите тогашни политички партии, ние сегашните носители на јавни фунцкии, но и граѓаните од сите етнички заедници во нашето мултиетничко општество сме им особено благодарни, смета премиерот Заев.

Доколку Владата прифати, признанијата би се доделиле како благодарност за нивните дела од страна на државата, од страна на граѓаните, на сите 120 пратеници од првиот собраниски состав, постхумно на семејствата на оние кои не се со нас, вели на крајот премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот